Свет Балкан Бројот на загинати во поплавите во Грција достигна 19 лица

Бројот на загинати во поплавите во Грција достигна 19 лица

Грчките власти соопштија дека се пронајдени тела на уште три жртви во поплавите што ја погодија Атина и дека бројот на загинати достигнал 19 лица.

Пожарникарната служба наведе дека телото на еден човек било пронајдено денеска на земјиште во сопственост на фабрика.

Крајбрежната служба објави дека патролен брод пронашол тела на две лица во морето.

Сè уште не се знае дали тие тела се од некои од шесте лица што се водат како исчезнати за време на поплавите.