Свет Бројот на загинати во експлозијата во Бангладеш се зголеми на 31 лице

Бројот на загинати во експлозијата во Бангладеш се зголеми на 31 лице

Бројот на загинати во експлозијата што се случи во саботата во фабрика за амбалажи во Бангладеш се зголеми на 31 лице, а неколку десетици се повредени, соопштија локалните власти.

Големата експлозија се случила во саботата, во фабриката „Тампеко фоилс“ во индустриска зона во градот Тонги, а пожарот се проширил поради запаливите хемикалии.

Осум работници се водат како исчезнати, а потрагата за телата продолжува. Локалните медиуми јавуваат дека повеќе од 50 лица се повредени во експлозијата.