Македонија Бројот на заболени лица од ковид-19 во земјава надмина 14.000

Бројот на заболени лица од ковид-19 во земјава надмина 14.000

Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје во последното деноноќие регистрира 215 оздравени пациенти, а починати се седум пациенти.

Новозаболените лица со ковид-19 се од следниве градови: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2 и Кичево-2.

Тројца од починатите пациенти се од Скопје (72г, 84г и 65г), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004, бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.697.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, седум позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се петмина пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од регистрираните оздравени пациенти во изминативе 24 часа, најмногу оздравени има во Скопје – вкупно 72, по што следуваат: Штип-18, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-4, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-3, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-8, Македонски Брод-13, Виница-5, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-2.