Македонија Бројката на починати од ковид-19 надмина 7.000, денеска пријавени 11 починати лица

Бројката на починати од ковид-19 надмина 7.000, денеска пријавени 11 починати лица

Фото: Isaac Quesada on Unsplash

Од почетокот на ковид-19 пандемијата до денес, во земјава од ковид-19 починале вкупно 7.012 лица, соопшти Министерството за здравство. Само во изминативе 24 часа регистрирани се 11 починати лица од ковид-19, меѓу кои и 35-годишно лице од Прилеп. Воедно, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години.

Инаку, во изминатово деноноќие направени се 3.073 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од: Скопје  –  143, Велес – 10, Кавадарци – 8, Куманово – 7, Штип – 5, Кочани – 4, Гевгелија и Радовиш – по 3, Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип – по 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени пациенти е 185.660, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.974.