Здравје Бројката на активни случаи се спушти под 6.000, денеска 487 нови случаи...

Бројката на активни случаи се спушти под 6.000, денеска 487 нови случаи на ковид-19 и 15 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Во изминатово деноноќие биле направени 3.491 тестирањe, при што регистрирани се 487 нови случаи на ковид-19: и тоа во: Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен  – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1, информираат од Министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје (89г, 81г, 79г, 79г, 79г, 76г, 70г, 70г, и 61г), 3 починати лица од Куманово (74г, 74 г и 60г) и по едно починато лице од Валандово (83г), Кичево ( 63г) и Прилеп (59г).

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години.

Регистрирани сe 1.487 оздравени пациенти од: Скопје  –  690, Куманово – 130, Тетово – 82, Струмица и Кичево – по 60, Велес – 58, Прилеп – 45, Штип – 39, Охрид – 37, Битола – 36, Гостивар – 32, Делчево – 29, Струга – 25, Свети Николе – 24, Ресен – 19, Радовиш – 18, Кочани и Кавадарци – по 17, Дебар – 14, Крива Паланка – 11, Виница – 9, Гевгелија – 8, Македонски Брод – 5, Неготино, Берово и Демир Хисар – по 4, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево – 2, Богданци и Дојран – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156, бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.699.