Свет Европа Британскиот парламент го поддржа предлогот на Меј за предвремени парламентарни избори

Британскиот парламент го поддржа предлогот на Меј за предвремени парламентарни избори

Со 522 гласови „за“ и со 13 „против“, пратениците во Долниот дом на Парламентот го поддржаа предлогот на премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, да се одржат предвремени парламентарни избори на 8 јуни.

Меј вчера повика на одржување на предвремени парламентарни избори за да се обезбеди стабилност во текот на преговорите за Брексит.

Изборите ќе се одржат речиси една година по референдумот за истапување на Британија од ЕУ.