Македонија Брисел: Неучествувањето во Собранието ги спречува демократските процеси

Брисел: Неучествувањето во Собранието ги спречува демократските процеси

Европската комисија порача дека учеството во работата на Собранието е клучна за развојот на европската демократија и потсети дека Договорот од Пржино е најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза.

– Парламентите се клучни институции во европските демократии. Неучествувањето во парламентарните активности ги спречува демократските функции на овие институции и не обезбедува поголема рамнотежа на политичката моќ. Европската комисија ги повикува политичките лидери да се однесуваат одговорно и да ги зајакнат демократските процеси во интерес на нивните граѓани и на евроатлантска индина на земјата – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Во однос на говорот на претседателот Иванов, во кој рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е единствениот аболиран политичар, Коцијанчич рече дека не коментира поединечни случаи.

– Во однос на помилувањата, Комисијата не коментира поединечни случаи. Комисијата ја поздрави одлуката на претседателот Иванов за конечно да ги повлече сите помилувања, кои се поврзани со прислушувањето. Тоа треба да им овозможи на правдата да го земе својот тек и на Специјалното јавно обвинителство да продолжи со важната работа – рече Коцијанчич.