Спорт Бразил против Колумбија на Копа Америка

Бразил против Колумбија на Копа Америка

Копа Америка ќе се одржи од 11 јуни до 4 јули наредната година во Чиле

Вчеравечер во Виња дел Мар, во Чиле, со ждрепка беа извлечени групите за Копа Америка, што ќе се одржи од 11 јуни до 4 јули наредната година во Чиле.
Бразил за противник во групата Ц ќе ја има Колумбија со која играше во четвртфиналето на Светското првенство оваа година, како и репрезентациите на Перу и на Венецуела. Аргентина во групата Б ќе се сретне со Уругвај, Парагвај и со Јамајка. Во А-групата се наоѓа домаќинот Чиле и репрезентациите на Мексико, Еквадор и на Боливија.
На церомонијата беше прмовирана и маскотата на првенството, јужноамериканска лисица, која своето име ќе го добие преку гласање на трите предложени имиња Зинча, Анди или Кул.