Свет Свет Бразил: 140 повредени при судир на два воза

Бразил: 140 повредени при судир на два воза

Најмалку 140 лица се повредени откако синоќа два патнички воза се судрија во бразилскиот град Мескита.

Како што јавуваат локалните медиуми, воз удрил во друг воз кој стоел на станица. Патниците се полесно повредени и се хоспитализирани во локалните болници.

Железничките служби и регулаторната агенција „Агетрансп“ почнаа истрага за причините за несреќата.