Економија Бошњаковски: Сите вработени во „Еурокомпозит“ в понеделник ќе добијат плата

Бошњаковски: Сите вработени во „Еурокомпозит“ в понеделник ќе добијат плата

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред владата и во Прилеп – од денеска веќе се наоѓаат на своите работни места – рече Бошњаковски.