Свет Балкан Бомбашки напад во турскиот град Кајсери,13 загинати и 48 повредени

Бомбашки напад во турскиот град Кајсери,13 загинати и 48 повредени

Тринаесет лица загинаа, а повеќе од 48 се повредени откако автомобил експлодира во близина на автобуска станица во близина на универзитетот во турскиот град Кајсери.

Како што јавуваат турските медиуми, автомобилот бомба експлодирал во момент кога покрај него поминувал автобус, кој превезувал цивили и воени лица кои не биле на должност.

Возила на итната медицинска помош веднаш се упатиле на местото на несреќата, а полицијата го блокирала целиот реон и врши истрага.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.