Најмалку 12 лица загинаа, а 50 се повредени откако автомобил бомба експлодира на пазар во источниот багдадски кварт Јамила, претежно населен со шиити.
Портпаролот на ирачкото министерство за внатрешни работи изјави дека полицаец го забележал напаѓачот и отворил оган, но не успеал да го спречи нападот.
Меѓу жртвите најмалку шестмина се цивили, а сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот.