Свет Свет Бомбардирањето на школо во Сирија е воено злосторство, оцени УНИЦЕФ

Бомбардирањето на школо во Сирија е воено злосторство, оцени УНИЦЕФ

Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека бомбардирањето на школо во сириската покраина Идлиб, во кое загинаа 22 деца и шест возрасни лица, веројатно е најсмртноносниот напад од почетокот на војната во Сирија пред шест години.

Извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, рече дека нападот е изведен намерно и оти станува збор за воено злосторство.

Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека во воздушниот напад загинале 35 лица, од кои повеќето деца.

Нападот се случил вчера, додека учениците биле на одмор во школскиот двор, во селото Хас.