Свет Боливија: Автобус падна во ендек, меѓу загинатите има и деца

Боливија: Автобус падна во ендек, меѓу загинатите има и деца

Најмалку 12 лица загинаа, а 30 се повредени во несреќа во која автобус падна во ендек во Боливија, соопшти полицијата.
Инцидентот се случи вчера, во областа Кочабамба, на 240 километри од градот Санта Круз.

Шефот на полицијата во Санта Круз, Сабино Гусман, рече дека трагедијата се случила во градот Маирана и оти меѓу загинатите има четири деца.

Несреќата се случила откако возачот на автобусот изгубил контрола над возилото во обид да избегне автомобил кој се движел на погрешна страна на патот.

Автобусот со два возачи и со 45 патници, слетал од патот и паднал во ендек со длабочина од 100 метри.

Сè уште се утврдуваат точните причини за несреќата.