Македонија Богоев: За студентите на 11 декември доаѓа најважното прашање за заокружување

Богоев: За студентите на 11 декември доаѓа најважното прашање за заокружување

Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, денеска на прес-конференција обвини дека студентите и оваа академската година ја почнуваат со трошоци кои се поголеми од она што може да си го дозволат просечните македонски семејствата.

Тој рече дека минималната месечна плата во Македонија е 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и за студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат 10.277 денари.

– Оваа пресметка вклучува престој во студентскиот дом, купување книги, трошоци за меѓуградски превоз за да може студентот да се врати во своето родно место и да ги види најблиските, како и храна и социјален живот. Дополнително, во овој трошок не е вклучена сумата од партиципацијата што студентите ја плаќаат за студирање на факултет. Додека родителите се мачат, штедат и гладуваат за да обезбедат на своите деца пристојно студирање и услови за живот, студентите треба да се сместат во студентски домови кои се руинирани, да учат во разурнати библиотеки, да имаат храна полна со инсекти и да имаат студена вода во бојлерите во нивните тоалети – рече Богоев.

Тој додаде дека ова е резултат на „стиропорните политики на осомничениот економист Никола Груевски, кој заедно со својата фамилија се богати, додека младите масовно ја напуштаат државата“. Богоев рече и дека на 11 декември за студентите доаѓа најважното прашање на заокружување.