Свет Балкан Блокирани 890.000 долари од Русија за руската амбасада во Софија

Блокирани 890.000 долари од Русија за руската амбасада во Софија

Бугарскиот главен град Софија, влез во метростаницата Сердика, веднаш до поранешниот ЦУМ. Фото: Мета.мк

Применети се во практика санкциите на ЕУ против Русија и блокиран банкарски трансфер на 890.000 американски долари од Русија за руската амбасада во Бугарија, објави бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, пренесува mediapoool.bg.

Василев објасни дека станува збор за автоматска примена на санкциите од ЕУ, без посебни самостојни дејствија на Бугарија. Паричниот трансфер бил за платите на лицата во амбасадата.

Бугарија во неделата протера 70 руски дипломати, како и членови на нивните семејства. На софискиот аеродром во неделата пристигнаа два авиони од Русија, а вкупниот број на патници што полетаат кон Москва изнесвуаше околу 180.
Двата лета за евакуација не потпаднаа под санкциите на ЕУ затоа што беа означени како „хуманитарни“.