Свет Балкан Берлин ѝ порача на Турција дека враќањето на смртната казна ќе значи...

Берлин ѝ порача на Турција дека враќањето на смртната казна ќе значи крај на преговорите за ЕУ

Германија денеска соопшти дека преговорите за членство на Турција во Европска Унија ќе бидат завршени ако турската влада одлучи да ја врати смртната казна по неуспешниот државен удар.

– Ние категорички ја отфрламе смртната казна и воведувањето смртна казна би значело крај на преговорите за членство во ЕУ – изјави Стефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Зајберт изјави дека ЕУ е заедница на вредности и поради тоа воведувањето смртна казна би значело дека таква земја не може да биде членка на Унијата.

Тој додаде дека Германија и другите земји членки на ЕУ засега ја набљудуваат внатрешната дебата во Турција за повторно воведување на смртната казна, но и дека позицијата на Унијата е јасна.