Економија Бензините поскапуваат за денар, дизелот и екстра-лесното масло за половина денар

Бензините поскапуваат за денар, дизелот и екстра-лесното масло за половина денар

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Според најновата одлука што попладнево ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), од полноќ ќе поскапат сите нафтени деривати – и бензините и дизелот и екстра-лесното масло. Поскапува и мазутот, за половина денар за килограм.

Од полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,5 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), со поскапувањето од половина денар, ќе изнесуваат 71,5 денари за литар.

Мазутот од полноќ ќе чини 44,72 денари за килограм.