Економија Бензините поевтинуваат од половина до еден денар, дизелот поскапува за денар

Бензините поевтинуваат од половина до еден денар, дизелот поскапува за денар

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) денеска донесе одлука со која од полноќ бензините ќе поевтинат за половина до еден денар по литар, а дизелот ќе поскапи за еден денар по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1 денар по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар по литар. Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се качуваат за 1 денар.

Со тоа, од полноќ, цените на горивата ќе бидат следниве:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 84 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 86 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 91 (денари/литар)
Масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 87,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС = 49,768 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158%, кај дизелот зголемување за 0,928%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834% и кај мазутот намалување е за 2,998%, објаснува РКЕВУ.

Исто така, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762%.