Свет Европа Белгиските власти одзедоа пропусници за влез во нуклераните централи

Белгиските власти одзедоа пропусници за влез во нуклераните централи

Белгиската сојузна агенција за нуклеарен надзор на дел од вработените привремено им ги одзеде пропусниците за влез во нуклеарните електрани поради опасноста дека овие објекти може да бидат мета на терористи.

Портпаролката на агенцијата, Неле Ширлинцк, денеска изјави дека „во последните неколку дена на одредени лица биле спречени да влезат во нуклеарниот комплекс“.

Ширлинцк рече дека таквиот потег „не е нужно поврзан со терористичките напади во Брисел“. Таа додаде дека повлекувањето на пропусниците за влез, обично трае неколку недели и се темели на информации од безбедносните служби и од полицијата, но и врз тоа дали лицето кое сака да влезе во нуклеарниот комплекс има кривично досие.

Портпаролката, сепак, не сакаше да прецизира на колку работници им е привремено забранет влезот во нуклеарната електрана.