Свет Европа Белгиските медиуми објавија фотографии од осомничените за нападот на аеродромот

Белгиските медиуми објавија фотографии од осомничените за нападот на аеродромот

Белгиските медиуми објавија фотографија од тројца мажи за кои постои сомнеж дека го извеле терористичкиот напад на бриселскиот аеродром. Фотографијата е од безбедносните камери.

На фотографијата се гледаат тројца млади мажи со темна коса, кои туркаат количка со багаж. Нивниот идентитет не е познат.

Белгискиот федерален обвинител барал медиумите да не објавуваат фотографии во интерес на истрагата, но на социјалните медиуми се појави фотографија.

Во нападите во Брисел, извршени на аеродромот и на две метро-станици, загинаа 34 лица, а 230 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Белгиските власти проглсија тридневна жалост.