Свет Европа Белгиската полиција уапсила пет лица поврзани со нападите во Париз

Белгиската полиција уапсила пет лица поврзани со нападите во Париз

Белгиските власти привеле пет лица, меѓу кои и двајца браќа, во дводневните акции во врска со ноемвриските терористички напади во Париз.

Обвинителството соопшти дека две лица утрово се приведени во бриселскиот кварт Лакен.

Полицијата синоќа претресла уште една куќа во Брисел и привела двајца браќа и еден нивни пријател.

Анализа на телефонски податоци довела до вчерашната акција. При претресот не е пронајдено ниту оружје, ниту експлозив.

Идентитетот на приведените не е соопштен. Истражен судија денеска ќе одлучи за нивниот притвор.

Портпаролот на федералното обвинителство претходно соопшти дека акцијата е поврзана со терористичките напади во Париз, но не во рамки на потрагата по еден од главните осомничени, Салах Абдеслам.