Економија Бектеши и Пломп разговарале за економската соработка помеѓу Македонија и Холандија

Бектеши и Пломп разговарале за економската соработка помеѓу Македонија и Холандија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска се сретнал со холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп, при што разговарале за туризмот, земјоделството и за инвестициите во обновливи извори на енергија.

Бектеши изјавил дека земјоделството и инвестициите во обновливи извори на енергија се две гранки на економијата, многу важни за нашата земја, па размената на искуства со Холандија би била од огромна помош.

Холандскиот амбасадор потврдил дека Македонија останува посакувана туристичка дестинација за Холанѓаните и изрази интерес за развивање на долгорочен план за Охридскиот Регион, со оглед на фактот што бројот на холандските туристи е зголемен, а тоа налага потреба и за зголемување на бројот сместувачките капацитети.