Дописници Бејли: Остануваме во контакт со сите политички партии

Бејли: Остануваме во контакт со сите политички партии

Остануваме во контакт со сите политички партии, изјави денеска во Штип амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, одговарајќи на новинарско прашање дали се подготвува нова лидерска средба.

– Очекуваме да ѝ помогнеме на Македонија во политичката криза, за што ќе ве информираме низ соопштение за следните чекори – изјави Бејли по посетата на Унверзитетот „Гоце Делчев“.