Македонија Бејли ќе замине од Македонија во март

Бејли ќе замине од Македонија во март

Американскиот амбасадор Џес Бејли најави дека ќе го напушти Скопје во март и дека наскоро потоа ќе се пензионира откако 34 години бил дел од Стејт департментот.

„Ми беше најголема чест да работам со овој фантастичен тим, секој ден, во текот на изминатите четири години. Кејпи и јас со нетрпение очекуваме да им се заблагодариме на пријателите и колегите низ целата земја за нивната напорна работа на заедничките цели, мудрите совети и дарежливото гостопримство. Односите меѓу САД и Македонија се посилни од било кога. Ништо нема да го симболизира тоа подобро од тоа да ја видам оваа земја да го добие нејзиното седиште во НАТО“, напиша Бејли на „Твитер“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја предложи Кејт Мери Брнс (Kate Marie Byrnes) за нов амбасадор на САД во Македонија која треба да дојде на местото на сегашниот амбасадор Џес Бејли.

Брнс е амбасадорка од кариера и доаѓа од Атина каде што ја вршела функцијата заменик амбасадор на САД во Грција од септември 2017 година.