Хроника Бегајќи удриле во две полициски возила

Бегајќи удриле во две полициски возила

Две момчиња на возраст од 19, односно 21 година, синоќа, бегајќи по напад на полициски службеник со возило, марка „фолксваген пасат“, се судриле со две полициски возила на влезот на Гевгелија, информираат од МВР.

Според полициските информации, инцидентот се случил триесетина минути по полноќ, во струмичкото село Костурин, кога полицаец интревенирал по пријава на граѓанин за нарушен јавен ред и мир и бил нападнат од Н.К. (21) и З.К. (19). Во тие моменти, неговиот колега, за да ги заплаши, од службениот пиштол истрелал еден куршум во воздух, но напаѓачите продолжиле со заканите, а потоа се качиле во автомобилот и тргнале да бегаат. Но, по извесно време, напаѓачите предизвикале сообраќајна несреќа, удирајќи во две полициски возила, на влезот на Гевгелија.

По ова, двајцата биле приведени во СВР Струмица и по документирањето на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.