Економија БДП со раст од 0,2 отсто во првoто тримесечје од годинава

БДП со раст од 0,2 отсто во првoто тримесечје од годинава

Денешните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2020 година имал раст од 0,2 отсто. Главен придонес во растот на БДП од јануари до март дале секторите  информации и комуникации (10,4 отсто), дејностите со недвижен имот (6,5 отсто), а раст имало и кај уметност, забава и рекреација и други услужни дејности кои произведуваат разна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби со 5,2 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата во првото тримесечје од годинава номинално растела за 2,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува дури 63,2 отсто. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намалил за 7,1 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележал намалување во номинален износ од 4,6 отсто, се вели во извештајот на ДЗС.