Uncategorized Бандиќ ја плати кауцијата од два милиони евра и излезе од притвор

Бандиќ ја плати кауцијата од два милиони евра и излезе од притвор

Милан Бандиќ и вечерва излезе од затворот во Реметинец

Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ ја уплати кауцијата од околу два милиони евра (15 милиони куни) и вечерва излезе од затворот во Реметинец. Тој, пред истражниот судија, вети дека нема да влијае врз сведоците. По излегувањето од затворот, Бандиќ не сакал да дава никакви изјави, само рекол „ви благодарам“ и влегол во автомобилот каде што го чекала сопругата.

Кауцијата од 15 милиони куни е рекордна сума што некој ја платил во Хрватска.
Бандиќ нема да смее да контактира со сведоците ниту да ја извршува функцијата градоначалник.

На слобода од сите осомничени во аферата „Аграм“ не излезе само Бранко Михаљевиќ, сопственикот на компанијата „Брамград проект“. Тој наместо готовина сакал да заложи недвижности вредни околу седум милиони куни.