Свет Бан Ки-мун: Опасно кршење на човековите права во борбата против тероризмот

Бан Ки-мун: Опасно кршење на човековите права во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги предупреди светски лидери на можноста борбата против тероризмот да не успее ако не се почитуваат основните правa.

Ки-мун на самиотот Г7 во Германија рекол дека можеби ќе бидат потребни безбедносни мерки, па дури и воени акции, во борбата против насилните екстремисти.

Меѓутоа, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека ако борбата против тероризмот се води со занемарување на владеењето на правото и со кршење на човековите права, што е чест случај, не е само прекршување на вредностите кои треба да се зачуваат, туку уште полошо, може да доведе до проширување на насилниот екстермизам.

Ки-мун истакна дека доколку во борбата против тероризмот мета се цели малцински заедници, кај нив доаѓа до ширење на незадоволството, радикализмот и на екстермизмот.