Свет Европа Автопатот Австрија – Унгарија затворен во двата правци

Автопатот Австрија – Унгарија затворен во двата правци

Автопатот кој ги поврзува Австрија и Унгарија, кој минува низ границата на двете земји и е рута по која се движат бегалците кон ЕУ, е затворен во двата правци, соопшти австрискиот автомото-сојуз АСФИНАГ.

– Причината е приливот на бегалци што го очекува полицијата – се наведува во изјавата и се додава дека сообраќајот од другата страна го запрела Унгарија.

Засега не се знае колку долго ќе биде затворен автопатот.