Свет Автомобил бомба усмрти 49 лица во Кабул

Автомобил бомба усмрти 49 лица во Кабул

Во експлозија во дипломатскиот дел на Кабул, утринава загинаа 49 лица, а 300 се повредени, соопшти авганистанското министерство за здравство, додавајќи дека ова се првични бројки и дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува.

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека автомобил бомба експлодирал во дипломатскиот дел на Кабул, односно во делот на градот каде се наоѓаат неколку амбасади и претседателската резиденција.

Засега не се знае кој бил мета на нападот, во кој е причинета голема материјална штета.

Никој досега ја нема преземено одговорнста за нападот, кој следи по најавата на талибанските бунтовници дека тргнуваат во „пролетна офанзива“ на авганистанските безбедносни сили.