Македонија Авиосообраќајот е нормализиран, Евзони сè уште е затворен

Авиосообраќајот е нормализиран, Евзони сè уште е затворен

Утринава се нормализираше авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“, откако синоќа поради густата магла беа откажани летови кон повеќе дестинации.

Според информативната табла на веб-страницата на „ТАВ Македонија“, откажан е само летот кон Виена во 4.25 часот, а сите други летови се реализираат.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за сообраќај, а премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Магла со видлиовост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје – Катланово во двата правци и на обиколницата околу Скопје.