вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: затворен | 15 резултати

Патот Маврово – Дебар затворен поради сообраќајна несреќа

октомври 19, 2016

Попладнево од 16 часот е затворен регионалниот пат Маврово – Дебар кај местото Манастирски ливади и сообраќајот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ. Во сообраќајката, во која се судриле два камиони со српски и со бугарски регистарски таблички, нема повредени лица, но причинета е голема материјална штета. Камионите се движеле во спротивна […]

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола – Прилеп

септември 13, 2016

Магистралниот пат Ресен – Битола – Прилеп кај Битола е затворен за сообраќај поради одрони на патот, а возилата се пренасочуваат низ градот. Од Автомото-сојузот на Македонија соопштуваат дека сообраќајот на другите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, соопшти утрово АМСМ. Обиколницата во Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но […]

Поради одрони, затворен патот Ресен – Битола

септември 10, 2016

Поради одрони, затворен за сообраќај е магистралниот пат А-3, Ресен – Битола – Прилеп, кај Битола, а возилата се пренасочуваат низ градот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму соопштуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Обиколницата кај Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има […]

Авион на „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата во Приштина, нема повредени

мај 3, 2016

Аеродормот во Приштина привремено е затворен, откако синоќа авион на турската компанија „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата при слетувањето на дождливото време. Во несреќата нема повредени патници и членови на екипажот. Портпаролката на приштинскиот аеродром, Валентина Гара, изјавила дека во авионот, кој полетал од Истанбул, се наоѓале 143 патници и осум членови на екипажот. Според […]

Патниот правец Битола – Ресен затворен за сообраќај поради свлечиште

март 17, 2016

Поради свлечиште, денеска повторно ќе биде затворен патниот правец Битола – Ресен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку Битола. Општинскиот пат село Долни Полог –  село Облешево, пред Кочанска Река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода. На патниот […]

Утре два часа ќе биде затворен патот Охрид – Кичево

март 2, 2016

Утре од 13 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај патниот правец Охрид – Кичево. Според најавите, прекините во сообраќајот ќе бидат затоа што на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани ќе се изведуваат градежни работи со минирање.

Утре затворен за влез и за излез граничниот премин Дојрани

февруари 10, 2016

Граничниот премин Дојрани за влез и за излез од Република Грција ќе биде блокиран од 18 до 21 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од 13 до 23 часот денеска во целосен прекин е и во сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија,  поради штрајк на грчките земјоделци.  

АМСМ: Внимателно возење низ клисурите и низ засеците поради можна појава на одрони

ноември 9, 2015

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“, денеска (9 ноември) и утре (10 ноември) автопатот А1, на делницата меѓу мотелот „Македонија“ и Градско, ќе биде затворен во периодот од 5 до 18 часот, а сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, известиле од „Мануфактура продукција“, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ информираат дека […]

Делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена до 18 часот

октомври 31, 2015

Делницата од Градско до Неготино денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А фонд“. Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ […]

Почнува изградбата на затворениот базен во Охрид

октомври 16, 2015

По долги подготовки, почнува изградбата на затворениот базен во Охрид, кој истовремено ќе биде и најмодерно здание од ваков вид во Македонија. Вредноста на објектот е 298 милиони денари и рокот на изведба е 30 месеци од почетокот на работата. Затворениот пливачки базен, чиј камен-темелник деновиве ќе се постави во Охрид, ќе има два базени, […]

Заев на камперите: Покажавте како диктатор може да падне без капка крв

јули 15, 2015

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вечерва се обрати на граѓаните во „Кампот на слободата“ пред Владата. Тој на камперите им изрази „благодарност за истрајноста и за решителноста во битката за враќање на слободата и на демократијата“ во земјата. Вечерва кампот се затвора. – Го даваме овој простор како симбол и како потсетник на секоја идна […]

Страна 1 од 1