Свет Авганистанските сили презеле клучен округ од талибанците

Авганистанските сили презеле клучен округ од талибанците

Авганистанските сили ги потиснаа талибанците од клучниот округ во јужната провинција Хелманд, од каде се изведувале напади на главниот град на провинцијата Лашкаргах.

Портпаролот на Министерството за одбрана денеска изјави дека во жестока борба за контрола над округот Навеј загинаа повеќе од 50 талибанци, а ранети се пет припадници на силите за безбедност.

Навеј се наоѓа на 16 километри од Лашкаргах и една од главните точки за бунтовничките напади на тој град.
Властите заплениле големо количество оружје и муниција.

Авганистанската војска во Хелманд им помага на американските и на силите на НАТО.