Свет Авганистан: Педесетина загинати во судир на два автобуса и на цистерна

Авганистан: Педесетина загинати во судир на два автобуса и на цистерна

Најмалку 50 лица загинаа откако два автобуса и една цистерна со гориво се судрија на автопат кој ги поврзува авганистанските градови Кабул и Кандахар, јавуваат локалните медиуми.

Гувернерот на источната авганистанска провинција Газни, Џавед Саланги, соопшти дека во несреќата се повредени повеќе десетици лица и додаде дека се очекува зголемување на бројот на жртвите.

Саланги рече дека 73 патници од автобусите се повредени и се хоспитализирани. Според документите, во двата автобуси во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 125 патници.

По судирот, кој според полициските извештаи настанал поради невнимателно возење, возилата се запалиле.