Македонија Авганистан и Пакистан ги повикаа талибанците на мировни преговори

Авганистан и Пакистан ги повикаа талибанците на мировни преговори

Министрите за надворешни работи на Пакистан и на Авганистан денеска ги повикаа талибанците да се придружат на мировни преговори.

Повикот е испратен после состанокот кој го организираше Кина за да ги поправи „напнатите односи“ меѓу двете влади.

Во заедничкото соопштение на владите на трите земји повикуваат на „широко втемелен и инклузивен мировен процес и помирување“, поради секојдневните напади на талибанците во областите ширум Авганистан.

Официјален Пекинг го свика состанокот откако авганистанските власти го обвинија Пакистан дека обезбедува „сигурно прибежиште“ за талибанците.