Свет Свет Авганистан: 17 загинати во американски воздушни напади

Авганистан: 17 загинати во американски воздушни напади

Најмалку 17 лица загинаа во американските воздушни напади во Авганистан.

Портпаролот на американската војска, Фернандо Естрела, изјави дека американските авиони извеле два воздушна напада во авганистанската провинција Пактија, во близина на границата со Пакистан.

Шефот на полицијата соопшти дека се убиени милитанти, но други извори тврдат дека меѓу загинатите има и цивили.

Американските воздушни напади во Авганистан се засилени во последните месеци, особено во упориштата на милитантите што се наоѓаат во близина на источната граница со Пакистан.