Свет Свет Авганистан: 14 загинати во самоубиствен напад во Кабул

Авганистан: 14 загинати во самоубиствен напад во Кабул

Четиринаесет лица денеска загинаа, а осум се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението на авганистанското МВР, цел на нападот бил минибус кој превезувал непалски државјани, кои работеле за американска служба за обезбедување.

Авганистанските талибанци ја презедоа одговорноста на нападот, кој се случува за време на светиот муслимански месец Рамазан.