Македонија Асаф Абдурамани нов в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

Асаф Абдурамани нов в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

Фатон Ахмети, денеска на социјалните мрежи објави дека си поднесува оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО)

Фонд за здравствено осигурување; Фото: Мета.мк

Владата на денешната седница ја констатирала оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и го именувала Асаф Абдурамани за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување, информираат од владината прес-служба.

Фатон Ахмети, денеска на социјалните мрежи објави дека си поднесува оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Во својата објава напишал дека поднел оставка за да се посвети на партиските задачи со максимална посветеност во реализација на визијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Фатон Ахмети се повлекува од директорувањето во ФЗО за да му се посвети на Али Ахмети