Свет Асад: Трамп ја продолжи политиката на Обама на покорување луѓе

Асад: Трамп ја продолжи политиката на Обама на покорување луѓе

Американскиот ракетен напад на воената база во сириската провинција Хомс беше „безобѕирен“ и „неодговорен“, објави кабинетот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

Во соопштението се вели дека нападот е одраз на континуираната политиката на САД, без оглед на тоа кој претседател ја води администрацијата, која е базирана на бомбардирање и на „покорување луѓе“.

Како што е наведено во соопштението, нападот на воената база во провинцијата Хомс е извршен врз основа на точни податоци.