Македонија Анализите за Попова Шапка се готови, се чека да се достават во...

Анализите за Попова Шапка се готови, се чека да се достават во Влада

Фото: Архива на Мета

„Елем турс“ ја примиле физибилити студијата за зимско – рекреативниот центар Попова Шапка. Тие потврдуваат дека двете анализи, “due diligence“ и физибилити студијата се испратени до Управниот Одбор на АД ЕСМ, кои пак треба да ги достават до влада. Од АД ЕСМ велат дека анализите ќе се испратат на разгледување во влада што е можно поскоро, без да определат датумот кога тоа ќе се случи, пишува „Порталб“.

Анализата “due diligence” опфаќа длабинска анализа на финансиската, законската и даночната состојба на филијалата “Попова Шапка“ – Тетово за претходните три години (2016 – 2018) и хотелите “Славија“ и “Попова Шапка“. Физибилити студијата пак е студија за концесија и јавно – приватно партнерство на филијалата “Попова Шапка“ – Тетово. Врз основа на физибилити студијата, ќе се донесе одлука дали „Попова Шапка“ ќе се даде под концесија или пак ќе се воспостави јавно – приватно партнерство.

„До овој момент, роковите за подготовка и поднесување на двата документи се почитувани. Деталната економска анализа за Попова Шапка, заедно со физибилити студијата, се испратени до Одборот на директори на АД ЕСМ, од каде потоа ќе ги достават до Владата на РСМ на понатамошно разгледување“, известуваат од „Елем турс“.