Свет Американците го поставиле системот „Патриот“ во Јужна Кореја

Американците го поставиле системот „Патриот“ во Јужна Кореја

Американската војска го поставила во Јужна Кореја противвоздушниот систем „Патриот“ за да одговори на заканите за ракетен напад од Северна Кореја.

Како што се наведува, 35-та бригада на американската војска во моментов ја обучува јужнокорејската војска како да ракува со системот.

Покрај „Патриот“, бригадата веќе поседува 13 ракетни системи, меѓу кои ПАК-2 со четири ракети и ПАК-3 со 16 ракети и тоа во Осана, Сувони, Кунсани и Кванџо.

Севернокорејските власти минатата недела соопштија дека разгледале план за ракетен напад на американската база на Гвам. Веднаш потоа, американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека неговата земја е подготвена за економски, дипломатски, како и воени мерки против Северна Кореја.