Свет Кери и Лавров во Кина, разговараа за состојбата со граѓанската војна во...

Кери и Лавров во Кина, разговараа за состојбата со граѓанската војна во Сирија

Америка и Русија не постигнаа договор за крај на граѓанската војна во Сирија и за распоредување на хуманитарна помош.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, кој на маргините на самитот Г20 во Кина се сретна со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, посочи дека нема да ги брзаат руските колеги и дека веќе решиле голем број технички прашања.

Кери со Лавров повторно ќе се сретне во Москва, за што побргу да се овозможи безбедна распределба на хуманитарна помош за најпогодените цивили од војната и за прекин на борбите меѓу владините сили на Асад и бунтовничките паравоени движења.