Свет Балкан Амбасадата на САД во Турција предупредува на терористички напади во Истанбул и...

Амбасадата на САД во Турција предупредува на терористички напади во Истанбул и во Анталија

Амбасадата на САД во Турција денеска ги информираше своите граѓани дека има сознанија за реални закани од терористички напади во туристичките зони во Истанбул и во јужниот град Анталија.

Во соопштението објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД во Турција, пишува дека треба особено да се внимава на плоштадите и на кејовите.

Амбасадата апелира граѓаните да ги следат и локалните медиуми.