Свет Балкан Албанскиот претседател Нишани му ја честиташе инаугурацијата на Трамп

Албанскиот претседател Нишани му ја честиташе инаугурацијата на Трамп

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, му ја честитал инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД и му посакал успех во извршувањето на обврските, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Во својата изјава тој се заблагодарил за сето она што САД, повеќе од еден век, го направиле за Албанците и изразил убедување дека стратешкото партнерство меѓу двете земји уште повеќе ќе се зајакне.

Нишани нагласил дека за Албанија, САД остануваат едни од главните пријатели и стратешки партнери, уверувајќи го Трамп дека Албанците ќе продолжат да бидат на нивна страна во борбата против ИД и тероризмот.