Свет Балкан Албанија изгласа пакет закони клучни за почеток на преговори со ЕУ

Албанија изгласа пакет закони клучни за почеток на преговори со ЕУ

Албанскиот парламент го одобри пакетот закони со кои се отвори патот за спроведување судски реформи кои се клучни за почетокот на преговорите за влез на Албанија во Европската Унија.

Законите беа усвоите без опозицијата, која го бојкотираше гласањето.

Реформите во судството едногласно беа одобрени во јули и се во насока на искоренување на поткупот, а треба да обезбедат и политичка независност на судиите и на обвинителите.