Главна секција Ахмети со писмо до Хан: Повторете ја препораката за Македонија

Ахмети со писмо до Хан: Повторете ја препораката за Македонија

„Ве повикувам да ја повторите препораката на Комисијата за отворање преговори за членство на Македонија во ЕУ и заеднички со пријателите од Вашингтон, како и со земјите-членки на ЕУ, да го вратите фокусот во решавањето на прашањето за името и отворање на евроатланската перспектива на Македонија“, се вели во писмото што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му го испратил на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан.

„Соработката со меѓународната заедница и заедничкото градење политики секогаш носеле добивки за мојата земја и за нашите граѓани, уште од постигнувањето на Охридскиoт договор, стекнувањето на статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, па сè до визната либерализација, препоракaтa за отворање на преговорите со ЕУ и доближувањето до НАТО. Ние ветуваме ангажираност во спроведувањето на баранитe реформи за градење постабилни и одржливи институции, како и демократско и одговорно општество, но истовремено очекуваме Ваша посветеност во надминувањето на последната пречка што стои помеѓу Македонија и евроатланската интеграција“, се вели во писмото до Хан.

Ахмети во писмото му посочува на Хан дека Брисел и Вашингтон имаат партнер во него и во ДУИ за интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО затоа што, според Ахмети, тоа е стратегиска опредлба и нема друга алтернатива.