Македонија Ахмети попладнево на средба со Заев на Бихаќка

Ахмети попладнево на средба со Заев на Бихаќка

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево е на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во седиштето на партијата во Скопје, јавува „Телевизија 24“.

Средбата меѓу двајцата лидери следува откако Заев му ги предаде потписите на претседателот Ѓорге Иванов, од кого се очекува да му го додели мандатот за состав на новата влада.

Ахмети денеска на средба со амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон, рекол дека ДУИ сè уште нема донесено одлука дали ќе остане во опозиција, истовремено поддржувајќи малцинска влада или ќе биде дел од новата влада.

Претседателот Иванов попладнево, во 16.30 часот, ќе има обраќање до граѓаните на Македонија.