Македонија Ахмети: Избори во април зашто во јуни се рамазанските пости

Ахмети: Избори во април зашто во јуни се рамазанските пости

Али Ахмети рече дека ДУИ стои на ставот дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 24 април затоа што во јуни се рамазанските пости, во јули – самитот на НАТО во Полска, а се очекува и зголемен прилив на мигранти.

– Без институционална организација, не може да ги изменаџираме овие ситуации. Имаме проблем со името и за членството во НАТО треба да се преговара, а ако датумот за избори се помести, ќе го загубиме самитот на НАТО. И не можеме да прифатиме друг датум бидејќи нашиот електорат го чека и постење зашто во јуни се рамазанските пости – изјави Ахмети.

Тој додаде дека Специјалното јавно обвинителство треба да работи професионално и поактивно и да го реши случајот со прислушувањето.