Главна секција Ахмети: Дојде време вистината и правдата да излезат на виделина

Ахмети: Дојде време вистината и правдата да излезат на виделина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Нина Суомалаинен, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано „за постизбораната ситуација во Македонија“ и за „ставовите на ДУИ за настанатата ситуација“.

„Ахмети зборуваше за тенденциозната кампања организирана против него и против ДУИ во последните две години и рече дека дојде време вистината да излезе на виделина, за секое обвинување, за секоја клевета, за секоја неизвесност и за секоја дилема. Претседателот Ахмети е решен дека правдата ќе го каже последниот збор и ќе ги отстрани сите тенденциозни, злонамерни сомнежи за неговиот лик и ДУИ, правдата треба да победи“, стои во соопштението на ДУИ за средбата.

Ахмети ги повикал лидерите на политичките партии да се приклучат кон апелот упатен до полицијата, војската, државната администрација и на сите граѓани да работат прецизно и спокојно, во служба на безбедноста и државната стабилност.

Во соопштението на ДУИ се вели и дека Ахмети ги повикал меѓународните пријатели да не останат индиферентни кон случувањата во нашата земја.